Коски и кожа: Зошто Анџелина Џоли е толку слаба?

од Nikola Popovski

Познатата актерка Анџелина Џоли беше фотографирана од папараците со нејзините ќерки Захара и Вивиен за време на шопинг во Калифорнија. По овие слики, многумина се прашуваа што се случува со актерката.

Актерката најпрво ги загрижи своите бројни обожаватели бидејќи скоро целосно се повлече од јавноста во последно време, а сега сите останати се изненадени од нејзината линија.

Многумина претпоставуваат дека Анџелина повторно се бори со анорексија, бидејќи на овие слики изгледа премногу слабо – нејзините вени се отечени, а коските се гледаат и на рацете и на нозете.

Самата актерка еднаш рече дека се соочувала со опасно нарушување во исхраната како тинејџерка, а подоцна објаснила дека тоа е губење на апетит поради стрес или траума, a анорексијата ја отпиша.

Слични содржини