Космонаутко со Заев и Вархеји: Голема чест за мене како дел од протоколот во улога на домаќин

од Nikola Popovski

Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски-Космонаутко, кој е дел од спроведувањето на масовната вакцинација во арената „Борис Трајковски“, објави фотографија од денешната посета на премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Оливер Вархеји на најголемиот вакцинален пункт во нашата земја.

„Што да кажам освен пустимо нек очи говоре. Голема чест за мене како дел од протоколот во улога на домаќин. Космонаутко лети за Европу“, стои во објавата на Космонаутко на Фејсбук.

Попладнево во спортската сала Борис Трајковски пристигнаа првите вакцини од помошта од Европската унија кои во Скопје ги донесоа еврокомесарот за проширување Вархеји и Каролине Едштадлер, сојузна министерка за Европа и Устав на Република Австрија.

Еврокомесарот за проширување рече дека ова е подарок за граѓаните на Северна Македонија.

„Ова е добар ден за Западен Балкан и за Северна Македонија. Конечно можеме да ги испорачаме првите вакцини.Денеска сме горди да објавиме дека близу 120 илјади вакцини за Северна Македонија ќе бидат испорачани до крајот на август. Тоа е подарок од ЕУ за Северна Македонија за да ја преброди пандемијата. Се надевам дека целосно ќе го заокружиме процесот на вакцинација. Бидејќи не сме безбедни додека сите не се безбедни“, изјави Вархеји.

Слични содржини