Косово: 221 новoзаразени со коронавирус, едно лице почина

од Nikola Popovski

Во последните 24 часа, во Косово и Метохија се регистрирани нови 221 случаи на коронавирус, а едно лице почина како последица на оваа болест.

Според податоците на Министерството за здравство во Приштина, 3.160 примероци биле тестирани во претходните 24 часа, пренесува „Косово онлајн“.

Од почетокот на пандемијата, вкупно се регистрирани 108.844 случаи на Косово, додека 2.268 луѓе починале како резултат на болеста.

Од почетокот на вакцинацијата, дадени се 460.297 дози вакцини, а 162.807 граѓани ги примиле двете дози.

Слични содржини