Косово доби нова влада, Курти по вторпат премиер

од Берта Китинска

Лидерот на движењето Самоопределување Албин Курти, во понеделникот вечерта беше избран за нов премиер на Косово, вторпат откако беше на чело на владата за недоверба во март 2020 година по изборите во октомври 2019 година.

На предвремените парламентарни избори во февруари, Самоопределување на Курти победи убедливо со 48 проценти од гласовите, оставајќи ги зад себе Демократската партија на Косово и Демократската лига на Косово со по помалку од 20 проценти. Во парламентот со 120 места, 67 од вкупно 107 присутни гласаа вечерва за Курти, додека 30 беа против.

Слични содржини