Косово ќе поднесе барање за членство во ЕУ

од Nikola Popovski

Косовскиот премиер Албин Курти најави дека Косово следната година ќе поднесе барање за членство во Европската унија.

„Оваа година, согласно внатрешните реформи во реализацијата на перспективата за членство во ЕУ, најавуваме дека следната година Косово ќе поднесе барање за членство во Унијата“, рече Курти, а пренесе „Клан Косова“.

Што се однесува до Министерството за надворешни работи, Курти рече дека почнале со департизација и реформи, со што се отвора пат за дипломати од кариера, кои, според него, достоинствено го претставуваат Косово.

Слични содржини