Завод за статистика на Косово објави податоци во врска со увозот и извозот реализран во месец мај годинава, во кои се наведува дека е забележан повисок трговски дефицит споредено со истот месец од 2014 година.

570415_01kosovo-01foto-reuters_ff

Ако во мај лани трговскиот дефицит бил 205 милиони евра сега тој изнесува и 210,3 милиони евра. При тоа извозот го покрива увозот со 11,5 проценти. Според статистичките податоци, извозот на стоки во мај бил во вредност од 27.300.000 евра, додека увозот 237.700.000 евра, и со споредба на истиот период од 2014 година, извозот забележал раст од 15,4 отсто, а увозот а 3,9 проценти.

Според клучните извозни групи: 59,7 отсто од извозот се состојат од основни метали и производи од нив; 9проценти се пластика, гума и производи од нив; 8,5 отсто се подготвени прехранбени производи, пијалаци и тутун; 7,1 проценти минерални производи; 3 отсто машини, механички и електрични опрема; 2,5проценти растителни производи; 2,4 отсто кожа и производи од нив и друго.

– Што се однеува до увозот 17,4 проценти од него сочинуваат минерални производи; 12,3 отсто подготвени прехранбени производи, пијалаци и тутун; 10,3 проценти од производи од хемиската индустрија; 10,3 отсто основни метали и производи од нив; 9,9 проценти машини, механички и електрични опрема; 6,4 отсто пластика, гума и производи од нив; 5,8 проценти растителни производи; 5,4 отсто превозни средства, се наведува во соопштението на косовскиот Завод за статистика.

Во однос на извозот и увозот на Косово, главните трговски партнери се земјите членки на ЕУ, кои учествуваат со 35,5 проценти во извозот и 40,8 отсто во увоз, додека ЦЕФТА земјите учествуваат со 37,7 проценти во извозот и 30,3 отсто увозот. Најголем процент од извозот е реализиран во Индија (15), потоа во Албанија (13,9), Македонија (13), Белгија (11,2), Италија (седум), Србија (5,9), Црна Гора (3,5). Додека најголем процент од увозот е од Србија (13,9), Германија (10,2), Турција (10,2), Италија (8,6), Албанија (8,2), Кина (7,6%), Македонија (5,1)

Слични содржини