Косово: Нови 539 ковид-случаи, 11 лица починале

од Nikola Popovski

Во последните 24 часа на Косово и Метохија, потврдени се 539 случаи на коронавирус од вкупно 1.219 тестирани лица, додека 11 лица починале, соопшти денеска Институтот за инфективни болести во Приштина.

Според извештајнот на тамошното Министерство за здравство, во моментот има 13.579 активни случаи.

Најголем број на нови пациенти има во Приштина, Гњилане, Митровица, Пеќ и Феризај, пренесува приштинска „Коха“.

Од почетокот на пандемијата, 39.596 лица биле заразени со Ковид-19, а 1.016 луѓе починале.

Слични содржини