Косово прими 683 Авганистанци, се очекува вкупно 2.000

од Vladimir Zorba

Досега, 683 авганистански државјани добија привремено сместување во Косово, потврди во понеделникот косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свекла.

Покрај сместувањето во кампот Бехтел-Енка во Феризај, уште 91 авганистански цивил беа сместени во американската воена база Бондстил на територијата на таа општина.

Приемот на авганистански цивили се заснова на планот за прием на кој Косово се обврза по повиците од Соединетите држави да прифатат бегалци и евакуирани од Авганистан кои соработувале со меѓународните сили и организации за време на ангажманот на западните сојузници во земјата.

Косовските власти претходно рекоа дека ќе прифатат околу 2.000 авганистански државјани кои соработувале со Соединетите држави (САД) и други земји -членки на НАТО.

Приемот на Авганистанците ќе продолжи идната недела, рече министерот, и според сегашните регулативи на Косово, авганистанските бегалци можат да останат на територијата на Косово најмногу една година.

Се очекува тие привремено да останат на Косово додека не се подготви нивната документација за одење во САД или други земји -членки на НАТО, наведува РСЕ.

Слични содржини