Косово со најмногу активни случаи на 100 илјади жители во регионот, Македонија четврта

од Vladimir Zorba

Во регионот, најголем број активни пациенти на 100 илјади жители се регистрирани на Косово, на второ место е Босна и Херцеговина (БиХ), а на третото место е Црна Гора.

Во Косово има 206 активни случаи на 100 илјади жители, 176 во БиХ и 162 во Црна Гора. Во Северна Македонија се регистрирани 141 активни случаи на 100 илјади жители, 120 во Албанија, 30 во Хрватска и 12 заразени во Словенија на 100 илјади жители.

По три дена објавување податоци за бројот на активни болни на 100 илјади жители, Србија повторно не ги објавува истите. Затоа, прегледот за бројот на активни случаи на 100 илјади жители во регионот не го претставува бројот на активни болни во Србија.

Денес во регионот се регистрирани вкупно 830 случаи на КОВИД-19, што е најниско од 27 јуни. Имало 665 случаи во регионот на 26 јуни, а 842 на 27-ми.

Слични содржини