Косово: Уште седум лица починале од Ковид-19

од Nikola Popovski

Седум пациенти починале од коронавирус на Косово во последните 24 часа, а забележани се 239 нови случаи, објавил Националниот институт за здравство на Косово.

Од последниот пресек, 401 лице е тестирано, додека вкупниот број на лица заразени со коронавирус од почетокот на епидемијата е 7.562, од кои 192 лица ја загубиле битката со оваа болест.

Во моментов, активни се 3.331 случај на инфекција, а најголем број новозаразени се евидентираат во Приштина, пренесува Косово онлајн.

Слични содржини