Косовска министерка: Вучиќ смета дека „само мртов Албанец е добар Албанец за Србија“

од Nikola Popovski

По повод тужбата против претседателот на Националниот совет на Албанците во Србија, Рагма Мустафа, за истакнување на албанското знаме, се огласила косовската министерка за надворешни работи, Мељиза Харадинај Стубла.

Таа испратила отворено писмо до амбасадорите на ЕУ земјите во Белград и, како што наведува, до сојузничките држави во Советот за безбедност на ООН, во кое, меѓу другото, го обвинува претседателот Александар Вучиќ за продолжување на доктрината на Милошевиќ според која „ само мртов Албанец е добар Албанец за Србија“.

Харадинај Стубла смета дека тужбата на Србија против Мустафа е без преседан и неприфатлива, како и флагрантно кршење на човековите права.

„Мустафа е обвинет од државата, која сè уште има валкани раце од војните предизвикани во регионот против сите несрпски заедници“, напиша Харадинај Стубла.

Во писмото до амбасадорите на Квинт во Белград, Харадинај Стубла ја обвинува Србија за шовинистичка и расистичка политика кон Албанците, а претседателот Вучиќ за продолжување на спроведувањето на доктрината на Милошевиќ од минатиот век.

Да потсетиме, претседателот на Националниот совет на Албанците во Србија, Рагми Мустафа, потврди дека добил покана од судот во Врање, поради истакнување на албанското национално знаме на 28 ноември 2020 година во седиштето на Советот, и додал дека верува дека во Србија е „легализиран“ говорот на омраза кон Албанците, пренесува „Косово прес“.

Мустафа на Фејсбук напиша дека е обвинет по вторпат за истакнување на албанското знаме во просториите на Националниот совет.

Слични содржини