Актуелно
Почетна / TOP NEWS / „Косовската државност се доведува во прашање заради директниот лет помеѓу Приштина и Белград“

„Косовската државност се доведува во прашање заради директниот лет помеѓу Приштина и Белград“

Приштинскиот весник „Коха диторе“ проценува дека „косовската државност се доведува во прашање“ заради директниот лет помеѓу Приштина и Белград.

Како што наведуваат, во документот потпишан од косовската страна во Берлин, се избегнува употребата на името на косовските институции.

Во писмото, потпишано од страна на Косово заедно со три други земји, косовската управа за цивилно воздухопловство се нарекува: „Косовско тело за цивилно воздухопловство“.

Се зборува за отворање посебна линија помеѓу Приштина и Белград, но се избегнува терминологијата на имињата на државните институции, пишува приштинскиот весник.

Така никаде не се споменува ASHNA – кратенка за државната агенција за навигација, и се користи само „Единица за воздушен сообраќај“ – термин што се користеше пред Косово да прогласи независност, пренесува „Коха“.

Берлинскиот документ, сумиран на помалку од две страници, до кој Коха имал пристап, е всушност договор меѓу четири институции, авио-компанијата„Луфтханза“, Меѓународниот аеродром Приштина, КФОР и косовската цивилна администрација, пренесува „Косово онлајн“.

Приштинскиот весник верува дека ова покажува дека косовските и српските власти потпишале две различни писма специфични за нивната работа.

loading...