Косовски јуниор доживеал срцев удар и починал на фудбалски натпревар

од Vladimir Zorba

Трагедија се случи на јуниорски натпревар во Косово, кога на теренот од срцев удар почина фудбалерот на Трепче ’89, Ерион Кајтази (17).

Ова за „Клан Косова“ го потврдија челниците на клубот „А&Н“ од Призрен, кој денеска играше против Трепче кога се случи трагедијата.

Кајтази, фудбалер од Косовска Митровица, падна во бессознание на крајот од првото полувреме, а лекарите можеа само да констатираат смрт.

Од клубот се простија со него.

– Не можеме да најдеме зборови да напишеме за тебе Ерион. Пораснавте со нас со сите возрасни групи. Ери како што сите те нарекувавме, секогаш ќе останеш во нашите мисли. Сакани, насмеани, блиски со сите наши пријатели и воопшто со нашиот клуб. Со голема болка ве паметиме и никогаш нема да ве заборавиме – порачаа од Трепче.

Слични содржини