Косовски медиуми: Возачот на превртениот автобус бил уапсен во 2017 година поради дрога

од Nikola Popovski

Косовскиот портал Reporteri.net наведува дека возачот на автобусот Д.Л. (52), кој беше уапсен поради сообраќајната несреќа во Хрватска, бил уапсен пред четири години под сомнение дека шверцувал дрога.

Порталот наведува дека Д.Л. бил уапсен во 2017 година, од албанската гранична полиција, во соработка со полицијата во Скадар, при што се запленети 20 кг канабис. 52-годишниот тогаш бил уапсен заедно со уште две лица Е.Б и Е.М во автобус на линијата Косово-Германија.

-Полицијата побарала од патниците да излезат од автобусот и да го земат багажот, со цел конечно да се утврди дека двете вреќи во кои имало канабис биле „без сопственици“, пренесува Јутарњи лист.

Сепак, порталот не наведува како завршила таа приказна, но се чини дека возачот поминал без никакви санкции.

Истражен судија на окружниот суд во Славонски Брод му одреди мерка притвор во траење од еден месец.

Државното обвинителство на округот во тој град побара притвор за 52-годишниот возач, пренесува Танјуг.

За време на испрашувањето, возачот се бранел со молчење, пренесуваат хрватските медиуми.

Слични содржини