Косовски медиуми: Зошто Американците не вечераа во Приштина, а тоа го направија со Вучиќ во Белград?

од Nikola Popovski

На прашањето зошто не е организирана вечера за посетата на американската делегација на ДФЦ и специјалниот пратеник на САД за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, исто како во Белград, директорот на приштинскиот Завод за протокол, Орхан Хајризи, изјавил дека такво нешто не било планирано, пренесува „Газета експрес“.

„Не, за време на нашите координативни состаноци со американската амбасада, не беше спомената опцијата за организирање вечера, ниту имаше таква иницијатива“, соопштил Хајризи.

Одговарајќи на прашањето зошто вечера е подготвена за време на последната посета на Гренел, а не сега, Хајризи изјавил дека многу фактори влијаат на тоа.

Тој истакнал дека покрај протоколот, постојат и други служби кои се занимаваат со координација на активностите за време на посетата на службено лице.

loading...

Слични содржини