Косовскиот ИЈЗ препорачува одложување на локалните избори

од Nikola Popovski

Во писмото до косовската претседателка Вјоса Османи, Националниот институт за јавно здравје на Косово (НИЈЗК) препорачал дека поради фактот што одржувањето избори претставува ризик од ширење и зголемување на инфекцијата со КОВИД-19, а со тоа и зголемување на ризикот од смрт, локалните избори што се закажани за 17 октомври да се одложат.

„Врз основа на анализата на тековната епидемиолошка состојба на случаи на КОВИД-19, врз основа на извештаи за хоспитализирани случаи и смртни случаи од косовската универзитетска болничка служба и регионалните болници, мислењето на Работниот тим на НИЈЗК е дека спроведувањето на изборниот процес, кој вклучува јавни собири, претставува ризик за ширење и зголемување на инфекцијата, а со тоа и зголемен ризик од смрт, и затоа, бидејќи изборниот процес може да има зголемено влијание врз ширењето и зголемувањето на случаите на КОВИД-19 “, стои во писмо од директорот на НИЈЗ Косово.

Затоа, тој предлага одложување на изборниот процес, забрана на јавни активности, собири на граѓани и јавни собири од секаков вид и природа без исклучок, до следната епидемиолошка проценка.

Вчера, претседателката испрати покана до политичките партии во понеделник да разговараат за барањата на неколку партии да ги намалат изборните активности до максимум десет дена, додека со денешната препорака на НИЈЗК се предлага одложување на изборите.

Досега, само Демократската партија на Косово го потврди своето учество на состанокот.

Слични содржини