Косовскиот парламент евакуиран поради дојава за бомба

Евакуацијата е извршена кратко пред 11 часот, за кога била закажана седницата.

од desk2
12 прегледи

Парламентот на Косово денеска беше евакуиран поради дојава за подметната бомба, непосредно пред почетокот на 41-то продолжение на конститутивната седница, јави „КосСев“.

Евакуацијата е извршена кратко пред 11 часот, за кога била закажана седницата, потврдува Абељард Тахири, пратеник од Демократската партија на Косово.

„Постои, по сѐ изгледа, закана од бомба. Полицијата рече дека поради безбедносните мерки мора да ги евакуираме луѓето. Ништо друго не знам. Сѐ што бараа од нас е да ја напуштиме зградата, рече Тахири.

Гљаук Коњуфца, пратеник од „Самоопределување“ појасни дека станувало збор за телефонска дојава.

Инаку, процесот на конституирање на новиот парламентарен состав се завлекува веќе пет месеци.

Слични содржини