Косовскиот премиер Авдулах Хоти позитивен на Ковид-19

од Aleksandar Petrovski

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, на својот официјален профил на Фејсбук објави дека е позитивен за коронавирусот.

„Драги, денес бев тестиран на Ковид-19 и резултатот е позитивен. Освен блага кашлица, немам други симптоми. Почнувајќи од вечерва, во наредните две недели, ќе бидам во изолација. Ќе ги исполнувам своите обврски од дома “, напиша Хоти на својот официјален профил на Фејсбук.

Слични содржини