Костадинов: Апасиев не дојде да си го брани својот предлог за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии

од Vladimir Zorba

„Не е страшно што Апасиев не доаѓа на работа во Парламент, страшно е што не дојде ниту да си го одбрани неговиот предлог кој лично го поднесе а тоа е, предлог декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии“, пишува пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Едно на твитер, друго во парламент, тоа е Апасиев“, додава тој.

Партијата Левица се избори македонско-бугарските односи да се најдат на дневен ред на пленарна седница на Собранието, информираше лидерот на Левица.

На дневен ред во Собранието е ставена предлог Декларацијата на Левица за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии.

„Упорноста и непопустливоста на нашите пратеници се исплатеше. Борбата продолжува, велат од Левица.

Слични содржини