Костадинов: Без Договорот од Преспа, нашето столче во НАТО не беше можно (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа се дирекнта закана за нашето полноправно членство во НАТО, тоа ја загрозува интеграцијата во ЕУ и иднината на државата. Столчето во НАТО коешто не очекува е столче за Република Северна Македонија – 30 тата земја членка на Алијансата, на најмоќниот сојуз во светот. Без Договорот од Преспа тоа наше столче во НАТО не беше можно“, вели денеска Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Во период кога во Шпанија започнува последната ратификација на протоколот за наше членство во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ се заканува со ревидирање односно поништување на Договорот од Преспа. ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто се овие закани против Договорот, зошто се овие закани против нашето членство во НАТО? Затоа што ако нема Договор од Преспа-нема ниту членство во НАТО“, посочува тој.

Слични содржини