Костадинов: Да го видиме предлогот на Мицкоски, па ќе знаеме дали е прифатлив или не

од Aleksandar Todeski

Откако ќе го видиме предлогот на ВМРО-ДПМНЕ ќе можеме да коментираме дали е прифатлив или не, рече на прес конференција порптаролот на СДСМ, Костадин Костадинов. Тој обвини дека во опозициската партија ништо не се променило и дека Христијан Мицкоски продолжува како Никола Груевски, против правдата, против Уставот, против државата и против граѓаните.

„Се уште немаме информација, најавите се дека ќе има телефонски разговор меѓу лидерите. Кога ќе ја имаме информацијата, ќе соопштиме. Откако ќе го видиме името ќе може да го коментираме предлогот. Кога не го знаеме предлогот не можеме да знаеме дали е или не е прифатливо“, рече Костадинов.

Тој рече дека Мицкоски исто како Груевски немал доблест да ги признае своите грешки, додавајќи дека во „белиот дворец“ им станало навика да не си ги признаваат грешките.

„Ова покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не се променило ниту малку. Тие се спремни да направат прекршување на Уставот само за да не си ја признаат грешката, дури и кога целата нација гледа дека со нивниот предлог буквално го кршат Уставот. Членот 97 е јасен, дека лицето кое раководои со Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи мора да биде лице кое најмалку три години цивилно лице. Кршењето на уставот не е право, правда, а најмалку принцип. Некакво измислено алиби за кршење на Уставот е неприфатливо. Мискоцки денеска го измеша Статутот на СДСМ и Уставот, што е срамно. Го повикуваме Мицкоски да предложи кандидат кој е согласно Уставот и веднаш, уште утре да ја формираме техничката влада“, рече Костадинов.

Слични содржини