Костадинов: Имаше критички тонови на седницата на ЦО на СДСМ

од Nikola Popovski

Се дискутираше конструктивно. Имаше критички тонови на синоќешниот состанок на највисоките органи на партијата. Во моментов има побитни прашања и затоа ЦО на СДСМ побара и предложи Заев да остане на функцијата поради процесите во државата, рече членот на ЦО на владеачката партија и градоначалник на Валандово, Перо Костадинов во емисијата „Утрински брифинг“.

Според него, во партијата зборувале за грешките на изборите, но фокусот бил за оставката на премиерот Заев.

-Испратени се пораки на обединување. Одиме чекор по чекор. Најбитните процеси допрва доаѓаат. Не сакам и не верувам дека ќе имаме процеси на назадување на европскиот пат. Сите заедно треба да се вклучиме во процесите, рече Костадинов.

Тој потенцира дека во моментов на раководните луѓе на партијата не им се битни функциите.

-Секогаш сум влегувал во дебата со Заев. Мораме така да функционираме и да бидеме самокритични, но и да прифаќаме предлози. СДСМ покажува отвореност и верувам ќе се движиме во правилен правец, констатира Костадинов.

Слични содржини