Костадинов: Истакнат активист на ВМРО-ДПМНЕ вработен во Центарот за деца со посебни потреби барал сексуални услуги за завршување работа

од Nikola Popovski

„Мицкоски го бараше мислењето на Комисијата за заразни болести и експресно го доби, го бараше мислењето на ОБСЕ и ОДИХР и експресно го доби, а тоа е дека треба да се одржат, затоа што при евентуално отворање на границите и при евентуално олабавување на рестриктивните мерки очекуваме поголем број на заразени“, изјави Костадин Костадинов за емисијата „Само вистина“.

За него, поради здравјето на граѓаните е важно да се оди на избори и не само поради тоа, туку и поради економијата, демократија и функционирањето на институциите.

„ВМРО-ДПМНЕ го тресат скандали, а тоа се со вработениот во Министерството за земјоделие фатен со бележни пари примени како мито и скандалот со социјалниот работник во Центарот за дневен престој за децата со посебни потреби кој барал сексуални услуги за „завршување услуга“. Тоа се само една од причините зошто тие бегаат од избори“, објави Костадинов.

Слични содржини