Костадинов: Македонските идентитетски линии се јасни, без никаков проблем може да ја прифатиме Резолуцијата

од Берта Китинска

Позициите на СДСМ во однос на македонскиот јазик и на македонскиот идентитет се кристално јасни и многупати досега потврдувани и кажани во јавноста. Македонските идентитетски линии им се јасни на сите. И на нашиот народ и на целата меѓународна јавност. Доколку Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа, ако им треба потврда и во рамки на Парламентот ние како конструктивно парламентарно мнозинство без никаков проблем може да направиме и таков чекор и ќе ја прифатиме Резолуцијата, кажа портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

-Согласно Уставот ВМРО-ДПМНЕ треба официјално до секој пратеник да ја испрати Резолуцијата, секако ние, како одговорно мнозинство ќе ја прифатиме таква каква што ја гледаме во медиумите, рече Костадинов, додавајќи со ова на површина избивале сите лаги кои ги пласирале ВМРО-ДПМНЕ, рече Костадинов.

Тој уште еднаш потврди дека нема да се дозволи македонскиот идентитет да се користи за партиски препукувања.

Слични содржини