Костадинов: Мицкоски моли меѓународни преставници да не се додели датумот за преговори (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„По кој знае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е криминална и антидржавна партија. Нивната агенда е непроменлива – да ги загрозат европските аспирации на државата. Тоа е единствената шанса за извршителот Христијан Мицковски повторно да го инсталира режимот и да го амнестира партискиот криминал и криминалот на неговиот шеф Никола Груевски“, вели денеска Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Нивен последен скандал е обидот да издејствуваат Европската Унија да не и додели датум за почеток на преговори на Северна Македонија. Партијата на Мицкоски на средби моли меѓународни преставници и европратеници да не се додели датумот за преговори затоа што нивната режимско – криминална матрица е така кодирана – да ја уништува државата, да и ја блокира европската иднина и повторно да ја окупира. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведува во опасност иднината на државата и на граѓаните. Тоа е антиевропско, антидржавно и антизападно дејствување на дело“, посочува тој.

Слични содржини