Костадинов: Мицкоски продолжува отворено да се противи на Законот за јавно обвинителство

од Vladimir Zorba

„Христијан Мицкоски продолжува отворено да се противи на Законот за јавно обвинителство кој има за цел да ги зајакне капацитетите на правната држава. Лажно и лицемерно е тврдењето на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека се за наводно подобрено решение на Законот. Лажат и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, не сакаат воопшто никаков Закон за јавно обвинителство“, вели денеска Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Тоа почитувани граѓани го покажаа уште во првата работна верзија, тоа го покажуваат и денес. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски наводно сакаат нов Закон за јавно обвинителство а прават се за таквиот закон да не биде донесен“, посочува тој.

Слични содржини