Костадинов: Мицкоски спроведува милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Со изборот на членови на Извршниот комитет Мицкоски ја потврди режимската, криминална матрица на оваа партија, која се уште е раководена и уредувана од Никола Груевски. Наместо демократизација извршителот Мицкоски спроведува милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ. Со единствена цел, што подолго да ја задржи својата партиска фотелја во белиот дворец“, вели денеска Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Внесувањето на Драги Ковачки, полковник на Армијата, за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е неетички и демократски преседан. Дополнително, ова е обид да се наштети на високиот углед кој што Армијата го има, го гради и го чува, како земја членка на НАТО, пријател со демократскиот свет“, тврди Костадинов.

Слични содржини