Костадинов: Над 1.100 маскирани луѓе од регионот направија карневалска магија која не се опишува со зборови

од Vladimir Zorba

Струмица вчера беше ЦЕНТАР НА СВЕТОТ. Се случи уште едно СТРУМИЧКО ЧУДО. Се случи Интернационалната карневалска поворка, главниот настан на овогодинешните карневалски свечености во нашиот град, пред очите на илјадници струмичани, но и пред бројните гости од земјата и странство. Беше тоа СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ кој долго ќе се памети, сподели синоќа градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

„Над 1.100 маскирани луѓе од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грција, Бугарија и Македонија, од кои најбројни беа струмичките карневалџии, направија карневалска магија која не се опишува со зборови.

Колку е убаво чувството да се биде горд градоначалник на карневалска СТРУМИЦА. Да ни е вековит Струмичкиот карневал…“, сподели тој.

Слични содржини