Костадинов не е пожелен во Македонија, порача Ковачевски

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ја осуди вчерашната изјава на бугарскиот пратеник и лидер на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов кој од центарот на Скопје изјави дека „Бугарија е до Охридско езеро“.

-Непримерно е човек кој е дојден како гостин во земјава да се однесува на таков начин. Вчера имавме чин на отворање на културен центар како што личи со министер на култура, на ист начин како ние што ќе отвориме во Благоевград. Такви политичари како тој вчера и уште еден што правеше видеа со мене, воопшто не се пожелни во нашата држава бидејќи тие не знаат друга политичка агенда освен ширење на немир и нетрпеливост меѓу двете земји и граѓаните, само заради свој политички интерес. За мене лично, таквите политичари воопшто не мора да доаѓаат тука, револтирано изјави Ковачевски како одговор на новинарско прашање.

Костадинов вчера присуствуваше на отворањето на новите простории на бугарскиот КИЦ во центарот на Скопје и повторно даде контроверзна и провокаторска изјава велејќи дека „Македонија е втора бугарска држава“.

-Секој Бугарин во Бугарија ја сака Македонија, ние сме еден народ, зборуваме еден јазик и имаме заедничка култура. Јас ништо не ве убедувам, имате глава на рамењата. Јас ви велам, ли како да се чувствувате? Зошто тогаш на луѓето тука кои сакаат да се чувствуваат како Бугари им забранувате така да се чувствувааат? Со вас зборувам еден ист јазик, се разбираме. Јас немам против да чувствувате како Македонци, рече меѓу другото Костадинов.

Ова не е прв ваков испад на пратеникот откако на почетокот на месецот, од говорницата на Бугарското народно собрание изјави дека „Македонија е бугарска, отсекогаш била и ќе биде“.

МНР како и тогаш, така и вчера остро ги осудите ваквите изјави на Костадинов.

Слични содржини