Костадинов: Од Будимпешта абер пристигна, Мицкоски ќе маршира за неправда! (видео)

од Nikola Popovski

Стравот и паниката од одговорност во ВМРО-ДПМНЕ ескалираа.

Аберот од Будимпешта пристигна, Христијан Мицкоски извршителот на Груевски утре ќе маршира за неправда.

Откако не им успеа обидот преку блокади, закани и уцени во Собранието да го закочат процесот на носење на Законот за Јавно обвинителство, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сега ќе протестираат против правдата, против одговорноста, против независното судство.

Токму тоа го обезбедува Законот за јавно обвинителство, кој е клучен за правдата и важѓен за европската перспектива на државата.

Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се борат за правда. Не можат да носат правда тие кои носат неправда, тие кои се бегалци од правдата, тие кои се заглавени во криминал и корупција.

Мицкоски и Груевски протестираа кога се отворија предметите против криминалците од ВМРО-ДПМНЕ, протестираа кога беше донесена пресудата против Груевски, протестираат и денес кога донесовме нов Закон за Јавно обвинителство кој е темел за реформите во судството.

Тоа е истата криминална врхушка, се уште непроменета се уште со старите навики на контра-протести на притисоци врз судството и бегање од правдата.

Борбата за амнестија на нивниот криминал не може да биде и не е борба за правда, а стечајниот управник Мицкоски нуди само правда во стечај.

Секогаш кога Мицкоски ќе изговори правда, мисли на криминал. Мицкоки прави се за да го заштити неговиот шеф Груевски од злоделата и да го врати на власт.

Мицкоски, тој филм нема да го гледаш.

Можеш против правдата да протестираш, криминалот на твојот шеф и твоите пајташи нема да го одбраниш.

Ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки. Сите ќе одговараат пред правдата и Мицкоски не може ништо да стори околу тоа.

Прес- конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Слични содржини