Костадинов: Одземање на микрофон, вербални закани бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ да се види пред јавноста (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Пратеникот од редовите на СДСМ Костадин Костадинов на својот Фејсбук објави видео од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, на кое се гледа реакцијата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

„Блокадите, бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ да се види пред јавноста и да биде извадена пред судот на јавноста. Одземање на микрофон, вербални закани, напади кон службите и кон пратениците кажано со еден збор е НАСИЛСТВО. Почитувани граѓани ве уверувам дека и покрај ваквиите обиди за блокирање успеавме да го донесеме дневниот ред.Благодарност до службите и колегите на трпението и силата да го издржат овој сериозен напад на парламентарната процедура.“, напиша Костадинов на својот „Фејсбук“.

Слични содржини