Костадинов остварува 300 средби со граѓани на неделно ниво

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ја информира јавноста дека неделно остварува по 300 средби со граѓаните.

-Зборот е збор Струмицо моја.

Честопати ме прашуваат дали имам отворен ден за граѓаните, одговорот е јасен, секој ден е ден за граѓаните. Фактот дека неделно остваруваме 300 средби со граѓани е само мотивација плус да продолжам да го одам патот по кој сум тргнат. Благодарам за поддршката и разбирањето во овие први месеци од мојот мандат кој вие ми го дадовте, објави Костадинов на социјалните мрежи.

Слични содржини