Костадинов: Пред нас е клучен период во кој се очекува пикот на ширење на вирусот

од Vladimir Zorba

„Нашата држава влегува во фаза која според експертите е оценета како критична, но и клучна фаза во борбата против коронавирусот. Пред нас е клучен период во кој се очекува пикот на ширење на вирусот и затоа токму сега е потребна уште поголема одговорност од сите нас“, изјави на прес Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Потребна е максимална посветеност во заштита на нашето здравје и целосно почитување на мерките и задолженијата од институциите. Владата донесе засилени мерки кои на сила стапуваат веќе од денеска“, посочува тој.

Слични содржини