Костадинов: Согласно законот нема интерен предлог за избор на уставни судии

од desk4

И денеска собраниската Комисијата за избори и именувања не одлучуваше за предлози на кандидати за тројца нови уставни судии. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека имало седуммина кандидати за уставни судии кои доставиле документи до собранието ама тоа претседателот на комисијата Костадин Костадинов и спикерот Талат Џафери, го криеле. Тие се сомневаат дека власта сака да го предложи генералниот секретар на собранието Цветанка Иванова.

Од пртеничката група на СДСМ пак, велат немало предлози бидејќи кандидатите за уставни судии ги предлагале пратениците, а точката од дневниот ред не била воопшто отворена. Претседателот на Комисијата Костадин Костадинов, во интервју пред околу две недели рече дека обврска на собранието е да избере уставни судии.

-Во јавноста брануваат повеќе мислења и ставови за тоа дали некој од кандидатите имал доставено кандидатура до парламентот, дали веќе имаме предлози. Вистината е, но и фактичката состојба говори, дека согласно законот немаме ниту еден интерен предлог за избор на судии, рече Костадинов.

Изборот на уставните судии е прва точка на дневниот ред на Комисијата за избори и именувања која претседателот на комисијата Костадинов и денеска ја прескокна. Во интевјуто тој посочи дека е добро што членовите на Комисијата го усвоиле дневниот ред, со прва точка, избор на уставни судии.

-По барање на колеги – членови на Комисијата, на истата таа седница беше ставен уште еден предлог на гласање кој беше усвоен. Тоа е скокнување на првата точка, избор на уставни судии, заради неисполнуање на услови за работа, е право и надлежност на членовите на Комисијата. Веднаш штом добијам известување од членовите на Комисијата на избори и именувања, кои побараа скокнување на точката, должен сум да ја отворам истата точка и да направиме избор на уставните судии, рече Костадинов.

Уставен суд работи со шестмина судии со кои може и полноважно да одлучува.

Б.Т.

Слични содржини