Костадинов: Срамно е пратеник да им вели на граѓаните да се стрпат некој месец без плата

од Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица се на спротивната страна од интересите на граѓаните кои им ја дале довербата.За опозицијата во Собранието не е важно здравјето на нивните колеги, не им е важно здравјето на граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ заедно со неформалните коалициски партнери Алијанса и Левица, заеднички учествуваат во блокирање на законите кои обезбедуваат реализација на економски мерки од четвртиот и петтиот пакет, вели на денешната прес-конференција на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој објаснува дека срамно, безобразно и понижувачки е пратеник да кажува на граѓаните да се стрпат некој месец без плата, за истиот тој пратеник да оди во Собраниетои да не се појавува на седници и да зема месечна плата неколкукратно поголема од минималната плата.

-Пратениците од сите политички партии имаат обврска пред граѓаните да си ја работата работата, за што земаат плата. Ако сакаат ВМРО-ДПМНЕ Алијанса и Левица да блокираат нека ги вратат платите овој месец, затоа што освен блокади ништо друго и не сработеа.Покрај законите кои се однесуваат на економските мерки, опозицијата кочи и десетици закони кои се важни за развој и напредок на државата и институциите.Законот за административни службеници, Законот за високо образование, Законот за внатрешни работи, Законот за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство, Законот за нов Клинички центар, финансирањето на новиот еколошки јавен превоз во Скопје, се само дел од законите кои опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на секој начин ги кочи и блокира, вели тој.

Слични содржини