Костадинов: Струмица од „слепо црево“ на југоистокот, ја направивме град со кој се гордееме

од Nikola Popovski

Во овие 16 години ВМРО-ДПМНЕ имаше чест 11 години да биде централна власт. За тоа време успеавме буквално од слепо црево на југоистокот, да ја претвориме во град со кој сите се гордееме и кој се спомнува насекаде во државата, вели кандидатот за градоначалник на општина Струмица на СДСМ, Константин Костадинов за емисијата „24 анализа“.

Според него, меѓу големиот број на проекти кои се планирани, тој ветува пробивање на булевар во градот, нов боемски парк и атмосферска канализација во Муртино.

-За тие 11 години на ВМРО-ДПМНЕ, немаше ниту еден денар пуштено за реконструкција на основните и средните училишта. Сега се реконструираат речиси сите, информира Костадинов.

Слични содржини