Костадинов: Трите пакети економски мерки вредат половина од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го истроши за проектот „Скопје 2014“

од Nikola Popovski

Меѓународни релевантни институции оценуваат дека Република Северна Македонија најдобро ќе се справи со економските последици од здравствената криза. Мерките што ги предлага Владата предводена од СДСМ  се во функција на граѓаните и директна помош за стопанството за да се преброди овој период, но и за да се реактивира економијата, изјави пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

Во однос на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за економските мерки, Костадинов направи паралела за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги трошеле парите на граѓаните и за што се задолжувале.

„Овие три пакети вредат половина од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го истроши за проектот „Скопје 2014“. Сега завршуваат пола милијарда евра кај 730 илјади граѓани, а за „Скопје 2014“ една милијарда евра завршија кај околу 20 граѓани. Доколку сега не беа жалните врби од 300 илјади евра, ако не беа спомениците од милијарда евра, ако не беа рекламите на ВМРО-ДПМНЕ во вредност од 350 милиони евра, ќе имавме многу повеќе средства да се справиме со корона вирусот“, нагласи Костадинов.

Тој потсети дека линијата бескаматни кредити Ковид 1 во износ од шест милиони евра е целосно искористена,  односно 738 мали и средни компании веќе ја имаат искористено поддршката која  опфаќа околу шест и пол илјади вработени. За Ковид 2 има  1200 компании имаат поднесено апликации, додека  преку поддршката покривање на минималната плата  ја искористиле 15.022 компании или 124.930 вработени. .

„Во тек е Ковид 3 линијата каде даваме поддршка директно кај граѓаните преку платежни картички во износ од 150 евра за домашните производи и услуги, ваучери во износ од 100 евра за престој во домашните туристички центри, како и картички во износ од 50 евра. Третиот пакет мерки опфаќа три димензии. Втората опфаќа буфирање на капиталните инвестиции, патишта, регионални, локални, канализации се градат. За нафтоводот Кичево- Охрид е ангажирана сериозен број градежна механизација, а истовремено и експресниот пат Штип – Радовиш се гради. Во Ковид 3 опфаќаме поддршка за туризмот, земјоделството како исклучително значајни гранки за нашата држава“, додаде Костадинов.

Слични содржини