Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ да не лаже и да не бара алиби за блокадите за нов Клинички центар

од Берта Китинска

Ставот на Мицкоски дека по секоја цена ќе го кочи законско решение со кое државата по 80 години ќе добие нов модерен Клинички центар е признание дека ВМРО-ДПМНЕ е цврсто застаната на спротивната страна од интересите на граѓаните, дека е цврсто застанат против здравствениот систем во нашата земја.Тврдењата дека во соседна Србија се изградил ист Клинички центар за далеку помала сума се тешка лага и обид за манипулација на јавноста, вели Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Тој напоменува дека не држи тоа алиби на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за сето ова што им го прават на граѓаните.

-Клиничкиот центар во Белград е само една зграда, кула изградена поодамна која сега е затворена и опремена. Клиничкиот центар во Скопје е цел комплекс со придружни објекти и претставува цел медицински град.Тоа е огромна разлика која Мицкоски свесно ја игнорира за да бара алиби за неговите срамни обиди да ја спречи најголемата капиталната инвестиција во македонското здравство.Наместо за граѓаните и државата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ работат за интересите на докажаниот губитник Мицкоски, вели Костадинов.

Слични содржини