Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ нуди само насилство и тензии кон сопствените граѓани (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Скандалозно, советникот на Мицкоски, поранешниот дипломат Томислав Димитровски, репетирал автоматска пушка и ја вперил кон соседите. Насилничката матрица е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски е опкружен со советници-насилници, остатоци на груевизмот, блиски до неговиот шеф Никола Груевски“, вели денеска Костадин Костадинов од СДСМ.

„Насилничко однесување на советникот на Мицкоски потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ нуди само насилство и тензии кон сопствените граѓани.
Таков е односнот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кон граѓаните. Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое 11 години им се закануваше на граѓаните и ги малтретираше“, смета Костадинов.

Слични содржини