Костадинов за Мицкоски: Ова е дефинитивно најбезобразниот статус напишан од човек кој се претставува како лидер на опозицијата

од Берта Китинска

Пред да почнам да го пишувам овој статус, би му посакал на Мицкоски брзо закрепнување и добро здравје и во иднина, пишува во својот Фејсбук статус Костадин Костадинов  од редовите на СДСМ.

-Не ја разбирам потребата на Христијан Мицкоски кој гори од температура и лежи на инфективна како и многу голем број наши сограѓани борејќи се со ковид вирусот, да пишува статуси и згора на тоа истите да ги спонзорира…

Ова е дефинитивно најбезобразниот статус напишан од човек кој се претставува како лидер на опозицијата.

Вообичаено потребата од сожалување е карактерна особина и од таа причина нема да навлегувам темелно во карактерот на Мицкоски, оти би било џабе, тој е таков каков што е и тоа сите добро го знаеме и го имаме видено на дело.

Во конкретната ситуација кога Мицкоски од клиника спонзорира фб статуси, во обид да поттикне сите други да го сожалуваат не е ништо друго освен времено односно моментално уживање на таквиот флуиден карактер, практично тој ужива во сопствената слабост и не случајно постот е спонзориран.

На овој начин Мицкоски не прави ништо друго освен што бара изговори за својот личен неуспех во водењето на партијата и односот према државата и преку сожалувањето целата негова одговорност ја префрла ни сите останати луѓе и поблиски и подалечни нему.

Овие чинови на безобразие на дрскост не сакам да не направат рамнодушни или без чувство на емпатија, но нека ни бидат пример дека за жал кај некои луѓе како Мицкоски не важи основното правило на човештвото дека, болен човек има само една желба, да оздрави.

За крај сакам да им посакам уште еднаш брзо закрепнување на сите кои се соочуваат со Ковид-19, да апелирам на почитување на мерките и протоколите за заштита на здравјето на граѓаните и да се поклонам пред здравствените работници, од лекари до сестри до портирите во болниците кои даваат несебична жртва за да не спасат од ова зло!, пишува Костадинов.

 

Пред да почнам да го пишувам овој статус, би му посакал на Мицкоски брзо закрепнување и добро здравје и во иднина.

Не…

Posted by Kostadin Kostadinov on Sunday, 7 March 2021

Слични содржини