Костадинова: Мицевски се дрзна да замолчи пратеничка, тој е дел од насилничката матрица на ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска

Пратеничката од редовите на СДСМ, Марија Костадинова на прес-конференција истакна дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не може да ја напуштат режимската, насилничка матрица.

-Вчера во Собранието сведочевме на насилство, на физичко и вербално вознемирување врз колешка на нејзиното работно место.Јавно пред целата јавност, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски безобразно го повреди интимниот простор на пратеничката Даниела Марковска.Мицевски се дрзна да замолчи пратеничка, да ја загрози нејзината слобода на говор во собраниската сала, во она што е храм на демократијата, вели Костадинова

Таа вели дека Мицевски со однесувањето потврдил дека е дел од режимската насилничка матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа е таа матрица која насилно исфрли новинари и пратеници од пленарната сала на црниот понеделник во 2012 година, истата матрица која стоеше зад насилниот упад на 27 април.

Не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ да напаѓа, вознемирува и навредува жени, не е прв пат оваа партија да ограничува слобода на говор.Насилството, шовинизмот, автократијата со години се обележја на оваа деструктивна и ненародна партија предводена од Христијан Мицкоски.

Затоа се таму каде што се, во опозиција, препознаени од граѓаните како деструктивен елемент кој дејствува на штета на интересите на граѓаните и државата.Граѓаните го ценат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и соодветно реагираат.Токму заради таквиот однос шест пати се казнувани на избори и ќе продолжат да бидат казнувани од граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски, уште долго ќе биде опозиција, рече Костадинова.

Слични содржини