Костадиновска-Стојчевска очекува позитивен резултат за отворањето на наш КИЦ во Благоевград

од Stefanija Kuzmanovska

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска информира дека иницијативата за отворање на канцеларијата на постоечкиот Културно-информативен центар во Благоевград е во рацете на Министерството за надворешни работи.

-Иницијативата е предадена во МНР и сега постапката е таму. Таква е процедурата. Очекувам позитивен резултат, рече министерката во гостувањето во ТВ Сител.

Одговарајќи на прашање таа истакна дека клубот „Никола Вапцаров“ е здружение на граѓани, а Министерство соработува единствено со органи и институции формирани од државата.

-На пример, бугарскиот КИЦ во Скопје многу добро соработува со нашиот КИЦ во Софија и со нашите уметници тука. Минатата година кога започнавме да го правиме планот за културни активности не очекувавме дека ќе има некакви проблеми. Заради одредени случувања имаше помал застој, но тоа не влијаеше на ентузијазмот. Последно, НОБ беше гостин во Пловдив со „Госпоѓиците од Авињон“ и тие имаа феноменален настап, рече Костадиновска-Стојчевска.

Слични содржини