Костадиновска-Стојчевска уверува: За јазикот не преговараме, тој е заштитен

од Nikola Popovski

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска од Охрид го повтори ставот на Владата дека за јазикот, идентитетот и културата не преговараме.

-Со тоа нашиот јазик е заштитен. Не сакам да коментирам став на друга држава, но јас бев дел од владината делегација која што присуствуваше на Првата меѓувладина конференција и ми беше особено драго што цел ден таму и на Меѓувладината конференција и на првиот дел од скрининг процесот јас присуствував и зборував на македонски јазик. Имаше преведувачи коишто не преведуваа за да можат да разберат и евроамбасадорот Гир и сите присутни внатре бидејќи бевме заедно со делегацијата од Република Албанија, рече Стојчевска како одговор на новинарско прашање за оспорувањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија.

Таа повтори дека она што Република Бугарија ќе го даде како изјава е нешто што Бугарија треба да го објасни и воедно информира дека присуствувала на вчерашната седница на Советот за македонски јазик.

0Вчера јас имав голема чест да присуствувам на седница на Советот за македонски јазик кој што е советодавно тело, којшто преку заклучок даде насоки понатаму на Владата од кои начела Владата во текот на преговорите треба да се задржи, а тоа е тоа дека нашиот јазик е кодифициран во 1945 година и дека како и Владата и тие даваат насока да не се преговара за македонскиот јазик. Како претставник на Владата јас ги уверив дека во ниту еден момент во текот на целиот процес дури да пристигнеме до моментот на отворање на преговори никој не преговараше со македонскиот јазик, идентитет и култура, изјавила министерката за култура.

Слични содржини