Костадиновски: Не ги зголемуваме платите поради изборите, немавме воопшто претстава дека ќе има предвремени избори

од Viktor Jovanov

Новиот буџет за 2020 година е фокусиран на човечкиот капитал. 154 милијарди денари ќе се вложи во трудот на граѓаните, во раст на платите во МВР, здравствени работници, зголемување на минималната плата, зголемување на платата на социјалните работници. И тоа не го правиме заради изборите кои не очекуваат во април затоа што тоа е планирано и пред да знаеме дека ќе има избори, вели пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадиновски.

-Во минатите 2 и пол години ја стабилизиравме државата и јавниот долг, ред е после се заради растот на економијата да вложиме во човечкиот капитал. Доказ за тоа е качувањето на минималната плата 2 пати. Од 9 илјади денари ја зголемивме на 12 илјади и сега ја зголемуваме на 14 илјади, тоа е убав показател. Имаме 3,5 отсто пораст на бруто домашен производ, од тука може да црпиме раст на платите и зголемување на минималната плата. Од опозицијата велат дек ќе протестираат ако се зголеми минималната плата. За лицемерието да биде толку големо, дел од опозицијата дадоа поддршка за ова, вели Костадиновски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ ја одбиле понудата на премиерот Зоран Заев за избори во декември оваа година од причина што знаеле дека ги чека пораз.

-Устата на опозицијата беше полна да се случат брзи избори по лидерската средба на која премиерот Зоран Заев понуди брзи избори во декември, но тие го одбија тој предлог бидејќи знаат дека ги очекува изборен пораз, вели Костадиновски.

Слични содржини