Костадиновски: Ветингот е решение за реформи во правосудството

од Viktor Jovanov

Пратеникот од СДСМ Костадин Костадиновски во дебата на телевизија Телма изјави дека актуелната влада со сите сили во рамките на законот се труди да направи реформи во правосудството, но тврди дека тоа не го дозволуваат инсталациите кои се останати од, како што вели, времето на груевизмот.

-Нашиот став за правниот систем е сосема јасен. Ако целта беше да го тргнеме Груевизмот од извршната, локалната и законодавната власт, го тргнавме, но заради силните инсталации во институциите кои се на страната на Груевски и криминалнот не дозволуваат груевизмот да биде искоренет од судската власт, вели Костадиновски.

Тој тврди дека ветингот е единственото решение за реформи во правосудството и истиот мора да биде внимателно изведен.

Костадиновски и СДСМ исто така ја повикуваат антикорупциската комисија да поведе постапки и да го истражни потеклото на имот на судиите и обвинителите.

-Има таму и чесни судии, но има и судии од груевизмот. Таквите мора да се тргнат од правосудството, вели Костадиновски.

Слични содржини