Костадиновски: За само 2 години владата реконструираше 600 километри патишта

од Viktor Jovanov

Актуелната влада за само 2 години има реконструирано и рехабилитирано околу 600 километри патишта, додека пак владата на ВМРО-ДПМНЕ за 11 години успеа да реконструира едвај 400 километри, вели портпаролот и пратник на СДСМ, Костадин Костадиновски на дебатата во емисијата Топ тема.

-12 патишта од 119 километри се реконструирани преку Светска Банака, рехабилитација на 7 патишта од околу 113 километри преку Европска банка за развој, рехабилитација и реконструкција на 75 патишта преку ЈП „Државни патишта“ од околу 283 километри, околу 80 километри планирани нови патишта, тоа го направи владата на СДСМ за само 1 и пол година, што направи ВМРО-ДПМНЕ за 11 години, запраша Костадиновски.

Во однос на патот Кичево-Охрид кој започна со изградба во времето на претходната Влада, Костадиновски вели дека истиот чинел 282 милиони евра, но акутелната влада со преговори успеала да ги намали давачките на 187 милиони евра.

-Не се малку пари, но добро е што успеавме и волку да намалиме, вели Костадиновски.

Слични содржини