Костов до хирурзите: Потребни сте за помош во лекувањето на ковид позитивните пациенти

од Берта Китинска

Ја разбирам потребата за зголемување на бројот на оперативни сали и денови кај колегите од хирургија и секојдневно сум информиран за оперативниот програм во нашата установа, вели директорот на ЈЗУ ГОБ „8 Септември“  Христијан Костов откако хирурзите на оваа болница најавија протест за следната недела.

-Меѓутоа согласно бројот на анестезиолози, земајќи го во предвид и бројот на оправдано отсутни, заради болест, нивниот ангажман во ковид одделенијата, редуцираниот број на хируршки одделенија заради зголемување на капацитетот на одделенија за лекување на Ковид позитивни пациенти согласно препораките на Министерството за здравство во кои е потребен поголем број на медицински персонал, ставен е акцент на оперативно лекување на пациенти кај кои одложувањето на оперативните интевенции би довело до загрозување на нивниот живот (малигноми и фрактури). И овие интервенции се одвиваат без застој, вели директорот.

Тој вели дека постои редукција на елективниот програм кој не само во оваа установа туку и секаде во светот.

-Воедно би сакал да нагласам дека од колегите имаме потреба за помош во лекувањето на Ковид позитивните пациенти кои лежат во Ковид одделенијата, и ќе се вклучат во овој процес на лекување до периодот кога ќе се создадат услови за работа на хируршкиот колектив во полн капацитет, објаснува Костов.

Слични содржини