Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под лекарски надзор

од desk2

Директорот на болницата „8-ми септември“, Христијан Костов изјави дека кај поранешниот министер, Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот во затворот „Скопје“, во Шуто Оризари.

„Детално е извршен преглед, вклучувајќи крвна слика, лабораториски преглед и ехо, а по прегледите е донесен заклучок дека кај лицето не се евидентирани повреди“, рече Костов и додаде дека оттука немало потреба за хоспитализација.

Поради податокот дека Јанакиески бил удиран по телото, од болницата препорачале 24-часовен надзор во затворот од страна на медицинско лице.

Претходно, директорот на затворот, Ѓоко Котевски рече дека Јанакиески имал нагмечувања, но не и скршеници.

Слични содржини