Костов: Шилегов ќе победи во Скопје, не знам зошто ВМРО-ДПМНЕ не го објавува нивниот кандидат

од Nikola Popovski

За мене Шилегов не покажа доволни резултати. Скопје не е само 2014 година. Скопје се улиците, тротоарите, булеварите, зелените површини, патеките за велосипеди, установите и мислам дека тоа не го достигна Шилегов, вели политичкиот аналитичар, Сотир Костов во гостувањето на емисијата „Жешко политичко лето“.

Според него, актуелниот градоначалник на Скопје е лош кандидати, но не мисли дека ќе ги изгуби изборите.

-Еве го нема кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Не знам зошто опозицијата тактизира со името. Таа доживеа дебакл во 2017 година, доби само 5 општини во земјава и требаше уште веднаш да се подготвува за новите локални избори, нагласува Костов.

Слични содржини