Костов за „Тврдина-Таргет“: Тој што прислушувал можел информациите да ги даде на некоја конкурентска компанија

од Берта Китинска

Директорот на Комерцијална банка, Хари Костов, денеска сведочееше за предмет на СЈО „Тврдина-Таргет“ за масовното незаконско прислушување кое беше спроведено од 2008 до 2015 година.

-Во тој период бев меѓу најприслушуваните луѓе надвор од политиката.Дел од прислушуваните разговори се однесуваат на моите разговори со директорите на банката кога сум бил надвор од државата, и кога побарале од мене гаранции за лицитација за некои градежни компани.Тој што ги прислушувал разговорите можел информациите што ги слушал да ги даде на некоја конкурентска компанија, изјави Костов.

Костов, како што пренесе МИА, нема да бара оштета за незаконското прислушување на неговите телефонски броеви, ако штетата треба да ја плати државатa. Но, ако се утврди налогодавачот на ова прислушување, ќе бара оштета и ќе ја донира во хуманитарни цели.

Слични содржини